Две години без Коби Брајант: Пилотот е виновен за хеликоптерската несреќа

109

На денешен ден, 26 јануари 2020 година, се случи една од најголемите спортски трагедии која вечно ќе се памети. Хеликоптер во кој беше Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум лица се урна откако удри во планината Калабасас, на околу 48 километри од Лос Анџелес.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња почина, а со него и сите патници, меѓу кои и неговата ќерка и пилотот Ару Зобајан.

Хеликоптерот полетал во 9 часот, а во 9:30 пилотот бил известен дека лета премногу ниско. Се обидел да го крене хеликоптерот, но поради магла и дожд на крајот удрил во планината. Хеликоптерот се запалил и исходот бил фатален, а Коби Брајант бил идентификуван дури два дена подоцна со споредување на отпечатоци од прсти. Една година по несреќата беше утврдено дека пилотот не ги следел сите упатства за време на летот и дека самоиницијативно влетал во голем облак, што во голема мера му ја намалило видливоста.

Коби Брајант почина на 41-годишна возраст, неполни четири години по завршувањето на неговата кошаркарска кариера. Веднаш по завршувањето на средното училиште бил драфтуван од Шарлот Хорнетс, а во 1996 година го избрале како 12-ти пик во првата рунда на драфтот.

Сепак, тој играше само за ЛА Лејкерс. Две години подоцна, тој беше за прв пат избран на Ол-стар натпреварот кој подоцна играше уште 17 пати, а првата титула ја освои во 2000 година. На крајот пет пати беше НБА шампион, а двапати МВП финалист во НБА лигата.

Само еднаш беше МВП на регуларниот дел од шампионатот, во 2006 година и е единствениот кошаркар кому еден клуб му повлече два дреса. Откако ја започна кариерата како „осумка“, а потоа се префрли на бројот 24, два дреса кои беа повлечени од употреба.