Два дена Џез фестивал и во Куманово

58

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечер и утре ќе биде одржан традиционалниот џез фестивал. Двете фестивалски вечери почнуваат во 20:00 часот. Кумановци ќе имаат можност да уживаат во настапите на бендови од македонската сцена, Грција, Словенија и БиХ.

Фестивалот го организира Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а е поддржан од Министерството за култура.

Директорот на фестивалот Марјан Стевановски изјави дека послениве три години се постигнува целта, афирмација на џез музиката и џез културата.

„Иако бевме скептични изминативе години се покажа дека нашата публика има потреба за ваков вид музика, од тој аспект фестивалот премина во традиција со квалитативни и квантитативни елементи во тој поглед. Цврсто веруваме дека фестивалот ќе продолжи да се реализира и во иднина“, изјави Стевановски.

Вечер ќе настапат Мacedonian Dixieland Jazz Orchestra и Танос Ставридис Трио од Грција, а утре Васко Атанасовски Трио од Словенија и Аднан Тескерeџиќ од Босна и Херцеговина.

Уметничкиот директор, Филип Ставновски истакна дека кумановци ќе имаат можност да слушнат квалитетна музика, со различни стилови на џез и интересна програма.