Двајца повредени во сообраќајка на патот кон Раштани кај Велес

35

Во судир на две патнички возила, едното од Велес и едно од село Раштани, на патот кон гробиштата Раштани кај Велес  попладнево околу 13.20 минути повредени се 57 годишен маж и 27 годишна девојка. Двете лица се со повреди на градниот кош, информира за МИА д-р Лидија Проданова од Итната медицинска помош.

На местото на сообраќајката Итната медицинска помош стигнала во 13.30 часот и по укажаната прва помош повредените се пренесени во велешката болница.

На местото на настанот СВР Велес правеа увид за сообраќајна несреќа.
Од СВР Велес за МИА информираа дека се работи на утврдување на причините за истата.