Двајца планинари загинаа во несреќа на планината Ортлер на источните Алпи, соопштија спасувачите.
Спасувачите соопштија дека во таа несреќа се повредени уште двајца планинари.
Според Танјуг, убиени се 35-годишен Германец од Минхен и 46-годишен Романец.
Несреќата се случила утрово во 6 часот и 20 минути, кога група планинари со помош на јаже се искачувале на врвот на планината.
Се сомнева дека еден планинар при падот се лизнал и ги влечел другите со себе.