Двајца пилоти загинаа денеска кога руски хеликоптер Ми-28 се урна за време на тренинг лет на Крим.
Летот бил извршен без муниција, соопшти руското Министерство за одбрана.
Причината за падот на авионот е техничка неисправност, јавуваат руските медиуми.
Комисијата на главната команда на руските воздушни сили се упати кон местото на несреќата за да ги утврди сите околности на трагедијата, се додава.