Двајца македонски стрип-автори застапени во новиот број на „Стрип пресинг“

78

Илустраторот и стрип-автор Михајло Димитриевски-Тхе Мичо од Битола и стрип-сценаристот и хроничар Александар Стеванов од Штип со свои дела се застапени во најновиот, 21-ви број на српскиот магазин „Стрип пресинг“. 

Димитриевски, кој и претходно објавувал во оваа публикација, овојпат се претставува со епизода од стрип-серијалот „Вековниците“. Стеванов, пак, учествува првпат со опширен напис посветен на македонскиот стрип-магазин „Деветка“.
 

„Стрип пресинг“ излегува од 2001 година во издание на Студентскиот информативно-издавачки центар од Ниш. Негов уредник е Марко Стојановиќ, стрип-сценарист од Лесковац, кој е редовен учесник на македонските стрип-манифестации.

Покрај Стеванов и Димитриевски, во оваа публикација од деветтата уметност досега објавувале и други македонски автори, меѓу кои: Александар Сотировски, Оливер Ромевски, Зоран Танев, Никола Темков.

Извор: МИА