Да се издржи до среда: Повторно вклучен метеоалармот во регионот-доаѓа ново невреме во Италија, Словенија и Хрватска

23416

Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) на Хрватска соопшти дека по високите температури, регионот во наредните денови повторно ќе го зафати страшно невреме, а идентична прогноза доаѓа и од Словенија, пренесува Нова.рс.

Во ноќта меѓу понеделник и вторник ќе има локален дожд и грмежи. Во вторник повторно ќе биде топло со температури меѓу 32 и 34 Целзиусови степени.

Топло ќе биде и во северниот дел на Јадранот и во Лика. На запад ќе биде сончево, попладне облачно, а кон крајот на денот и во ноќните часови во северниот дел на Јадранот, особено во Истра, со умерена и силна облачност се зголемува веројатноста за повремени врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер.

Најсончево ќе биде на југот на Хрватска. По топла, понекогаш многу топла ноќ, највисоката дневна температура ќе биде помеѓу 33 и 36 °C.

Во вторник во копненото подрачје променливо и нестабилно со локален дожд и грмежи, а можна е и појава на град. Во среда се уште нестабилно со врнежи од дожд, но забележително посвежо. Во четврток повторно високи температури.

Во Јадранот во вторник врнежи од дожд и грмежи, локално поизразени во северниот дел, во среда ќе се прошират во поголем дел од Далмација. Во четврток повторно претежно сончево. Во вторник силниот ветер најпрво ќе се промени во засилен југозападен во северниот дел, а во среда ќе има минливо невреме.

Портокаловото временско предупредување утре ќе биде проширено во уште неколку региони – Риека и Загреб.

Можни се невреме со грмотевици кои можат да предизвикаат голема штета, па затоа е неопходно да се заштитите од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на бурен ветер и град“, предупредува ДХМЗ.

Оттаму наведуваат дека во утринските часови можна е појава на грмежи, на места силен и бурен ветер и град во северниот дел на Јадранот – особено Истра, по 16 часот и во Горски Котар, Карловачката област долж границата со Словенија, а по 18 часот во Загорје и Меѓумурје.

Се огласи и Агенцијата на Република Словенија за животна средина (АРСО), која попладнево издаде портокалово предупредување за северот на Словенија поради можност за засилено локално невреме. Предупредувањето за северозапад од земјава важи од 19 часот, а за североисток од 18 часот. Тие предупредуваат на можност за појава на град, силен ветер, молњи и обилни врнежи од дожд.

Овој пат се очекува да дува уште посилен ветер кој може да поттикне развој на уште поекстремни појави од минатата недела. На страницата Ciklon.si тие предупредуваат на опасноста од ветрови со ураганска сила.

Силни ветрови ѝ се закануваат и на северна Италија, каде што минатата недела се формираа интензивни и деструктивни бура, а потоа се префрлија кон Словенија и Хрватска. Истото треба да се случи и овој пат.

Арсо издаде и портокалово предупредување за вторник поради можност за невреме за цела Словенија. Предупредуваат дека во вторник и среда поради интензивни и долготрајни врнежи може да има поројни поплави во поголем дел од земјава.

Крај на екстремните временски услови се очекува по среда.