Шокантниот разговор со германските лекари фрли сосема поинаква сенка врз здравјето на Рафаел Надал. На шпанскиот тенисер, на почетокот од кариерата, му беше дијагностициран синдромот Милер-Вајс, а посебни проблеми имаше меѓу минатата и актуелната сезона.

Тој го освои Ролан Гарос со вкочанет нерв во подножјето на левата нога, а потоа беше подложен на третман што трајно ќе го вкочани нервот. Сите на третиот грен-слем турнир Вимблдон зборуваат за неговата повреда.

Сите гледаат во стапалото на неговата лева нога и чекаат да видат колку долго ќе издржи. Надал не обрнува внимание на ова и постојано навестува дека секој турнир може да му биде последен и дека сè зависи од повреденото стапало, кое го мачи со години.

По освојувањето на Ролан Гарос, тој изјави дека повеќе би сакал да има ново стапало отколку нова грен-слем титула.

Новинарот на „Здојче цајтунг“, Вернер Бартенс, разговараше со германски ортопеди, кои се скептични за дијагнозата на Рафаел Надал. Тој наводно има синдром Милер-Вајс.

– Оваа болест и врвниот спорт не може да одат заедно. Мислам дека нема некроза (отекување) на коската, бидејќи оваа болест напредува и тешко е да се занимавате со врвен спорт многу часови – велат ортопедите за германскиот весник.

Доктор Шилтенхоф смета дека би била потребна голема доза лекови против болки за Рафа да може да игра на последователни натпревари.

– Потребната доза за толку голема болка би требало да биде голема и тој повеќе нема да може да ја удира топката и нема да може да продолжи да игра повеќе од сет. Тешко ми е да поверувам дека има структурно оштетување на која било коска ако постојано се изложува на неверојатни напори на врвен спортист. Исто така, синдромот Милер-Вајс се јавува на двете страни од стапалото – додаде докторот.