Дачиќ: Разговорите за новата српска Влада сѐ уште не се почнати, подготвени сме за соработка со СНС

13

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата е подготвена да ја продолжи соработката со Српската напредна партија (СНС) на преседателот Александар Вучиќ, како и да разговорите за новата влада на Србија се уште не се започнати, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ за денешна Политика изјави дека СПС е подготвена да ја продолжат соработката со СНС и дека единственото прашање му е како најдобро може да помогне, бидејќи, како што наведе, СНС освоила најголем број гласови на неодамна одржаните парламентарни избори.

Тој исто така рече дека тоа не е ништо ново и дека (СПС и СНС) имале многу добра соработка во изминатите десет години.

-Тие резултати беа многу добри и логично е, согласно нашите заеднички цели, да ја продолжиме соработката кога е во прашање парламентот и новата влада на Србија, рече Дачиќ.

Тој исто така кажа дека тие разговори се уште не се започнати и додаде дека „не е виновен претседателот (на Србија и на СНС Александар) Вучиќ зошто досега не е конституиран новиот српски Парламент, бидејќи изборите во Велики Трновац се повторуваат пет пати“.

По претседатеските, парламентарните и изборите за град Белград во април годинава, досега парламентот во Србија се уште не е конституиран поради повторување на изборите во Велики Трновац, а СПС и СНС формираа коалициона соработка за градот Белград, врз база на која беше избран Александар Шапиќ (СНС) за нов градоначалник на главниот град на Србија.