Дачиќ колне: На сите што го признаа Косово да им се случи Каталонија

8

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека Косово и Каталонија ги поврзува тоа што и во едната и во другата територија се случи едностраната сецесија, без дијалог со земјата од која се отцепија. Според него, Каталонија не го следи примерот на поранешна Југославија, туку на Косово.

„Тие со следат Косово бидејќи имаа еднострани акти. И некои републики на поранешна Југославија водеа таква политика. Краток е патот од поддршка на единството на земјата до брзо признавање на новосоздадената реалност, како што беше со Словенија, Хрватска, да не го споменувам Косово“, оцени Дачиќ. Според него, потоа развојот на ситуацијата не зависи од меѓународното право, туку од комбинација на меѓународните околности. Како што рече, сега многумина размислуваат дали беа исправни актите за Косово.

„Ми се чини сфатија дека проблемот и ним ќе им се удри од глава исто така. Ние не ликуваме поради тоа, но сепак би сакал на земјите што го признаа Косово да им се случи истото тоа, па ние да одлучуваме дали тоа е според меѓународното право“, реече Дачиќ.