Даравелски денеска беше уапсен, но не останува во затвор: Застарело извршувањето на казната

98

Откако по дваесет години бегство денеска на граничниот премин „Табановце“ беше уапсен поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, тој сепак нема да отслужува затворска казна, затоа што застарило нејзиното извршување.

Даравелски во затвор ќе остане само ноќва, бидејќи веќе е приведен во Идризово.

Тој е осуден на седум години затвор за милионски злоупотреби во времето кога беше директор на Царината, од 1999 до 2002 година. Од 2007 година, кога му беше изречена пресудата, беше во Белград. Тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Од сторувањето на делото според Кривичниот Законик се поминати 20 години, а од правосилноста на казната веќе поминале повеќе од десет години, што и автоматски значи дека Даравелски нема да ја отслужи затворската казна, бидејќи таа застарела, пишува „Фокус“.