Хрватската ракометна репрезентација доживеа нова катастрофа на Светското првенство во Египет. Хрватите во последното коло од главната фаза беа торпедирани од Данска со 38:26 и не успеаја да се пласираат во четврфиналето на шампионатот.

Натпреварот за Данците немаше никакво резултатско значење, а играа и без нивниот најдобар играч Микел Хансен, како и без повеќето стандардни првотимци. Јакобсен со осум гола беше прво име кај победникот, додека Марино Мариќ со шест гола беше единствен расположен кај Хрватите.

Двојки за четвртфинале: ДАНСКА – ЕГИПЕТ, ШВЕДСКА – КАТАР, ШПАНИЈА – НОРВЕШКА, ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА