Данска и Норвешка ќе играат во финалето на СП во ракомет

60

Репрезентацијата на Норвешка ќе игра против Данска во финалето на 26. Светското првенство.  И покрај феноменалната поддршка во Хамбург, Германците беа немоќни во полуфиналето кое го загубија од Норвешка со  31:25 (14:12).

Во текот на целиот меч Норвешка доминираше на крајот сосема заслужено стигнувајќи до големото финале. Најефикасен во победничкиот состав беше Магнус Род со седум погодоци, а по шест запишаа Сагосен и Мирхол.

Кај Германците одличен беше Уве Генсхајмер со седум гола од осум обиди, но ниту тој не можеше многу да помогне да се стигне до толку посакуваното финале.