Даниел Крег во болница, снимањето на „Бонд 25“ е неизвесно

132

Актерот, кој го отелотворува Агентот 007 од 2006 година, Даниел Крег (51) е итно пренесен од Јамајка во болница во Америка поради повредата што ја добил при снимањето на новиот филм “Бонд 25“. Тој го повредил глуждот при снимањето на една од акционите сцени во Јамајка, поради што од студиото „Пинвуд“ е одложено снимањето на филмот на неодредено време.

„Даниел трчајќи се лизна и падна, по што се пожали на глуждот“, пишува „Сан“.

Тој ќе биде прегледан од истиот хирург кој ја лекуваше фудбалската ѕвезда Хари Кејн.

Ова не е и прва повреда на Даниел Крег на снимање на филм за тајниот агент Џејмс Бонд. Актерот, кој најчесто сам ги изведува акробациите, претходно скрши два заба за време на снимањето на „Казино Ројал“ во 2006. На снимањето на „Трошка утеха“ во 2008 тој ги повреди ребрата, а во 2015 беше одложено снимањето на филмот „Спектар“, за да може Крег да биде опериран.

Новиот филм „Бонд 25“ треба да биде прикажан во април 2020 година, а ќе зборува за животот на агентот Бонд по пензионирањето.