Дама од високата проституција за своите клиенти:Новинарите се многу забавни, а ИТ експертите не ги пропуштајте!

221

Харизматичната Аманда Саманта Гоф шест години се занимавала со елитна проституција. Таа вели дека не ги делела клиентите на “убави или грди”, туку го “гледала нивното срце и душа“. Саманта е самохрана мајка која тврди дека во текот на повеќегодишното искуство успеала да види каков е мажот во кревет, според неговата професија.

Полицајци
Полицајците се жилави, со стомаците, малкумина од нив се мускулести, но сексот со нив е прилично брз и секогаш потоа сум преморена.

Адвокати
Слаткоречиво зборуваат и секогаш убаво се облекуваат, но добар дел од нив со кои сум била се психопати.

Хирурзи
Имаат одлични приказни и добра предигра бидејќи добро го познаваат човековото тело.

Банкари
Со нив сексот е обично лош, на банкарите им недостасуваат шарм и хумор. Имаат големо его и често се во парични долгови и во расправии со своите сопруги.

Сметководители
Тие сакаат да го зачинат својот инаку здодевен сексуален живот со повеќе ескорт-дами наеднаш.

ИТ експерти
Тоа се моите најчести клиенти. Ако барате маж кој знае со раце, тие се мојата препорака. Не ги пропуштајте!

Водоинсталатери
Сакаат да се галат во спалната соба и не можам да поверувам колку се само секси во своите работнички одела. Искрени се, а сретнував само самци неоженети водоинсталатери.

Новинари
Често знаат премногу да се возбудат штом ќе ме видат гола. Вложуваат голема фантазија околу самата предигра, потоа молчат и уживаат. Не се некои парајлии, но затоа се големи срцки, духовити и ептен забавни.

Пејачи-музичари
Иако треба да се забавни тие често кукумјавчат, па нашиот секс се претвора во мачење и зборување дека некој ги зафркнал со договорената “тезга“.

Спортисти
Немаат душа за подолг секс веројатно се истрошени додека вежбаат, а мене ми се најзгодни бидејќи сите се одлично градени, па така најмногу сакам кога сум со фудбалери бидејќи, според мене, имаат најубави нозе.