Дали папата Франциск го промени стилот? Вистината зад ВИРАЛНАТА ФОТОГРАФИЈА

680

Фотографијата на папата Франциско во модерна, предимензионирана, надуена бела јакна стана вирална на социјалните мрежи, а многумина беа воодушевени од овој потег на 86-годишниот Аргентинец.

Меѓутоа, набргу по „виралниот момент“ доживеан од оваа фотографија, се дозна дека таа не е вистинска, и дека е креација на вештачка интелигенција.

На фотографијата е поглаварот на Католичката црква облечен во популарен модел на бела јакна, што е карактеристично за некои од најпознатите ѕвезди во светот, како Ким Кардашијан или Канје Вест. Тој, наводно, ја носи оваа јакна над традиционалната папска облека, а она што придонесе за целокупната фотографија е голем и масивен синџир со крст. Она што ги збуни корисниците на мрежата е што фотографијата изгледа многу реално.

Фотографијата генерирана со вештачка интелигенција, иницирана од Хорхе Марио Бергољо, се приклучува на листата на фотографии на кои се поранешниот американски претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, актерот Вил Смит и други.

Да потсетиме, деновиве на Твитер и на другите социјални мрежи се појавија и фотографии со други луѓе во главните улоги, чиј автор е вештачката интелигенција. На една од нив е и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Имено, њујоршки полицајци облечени во панцири го бркаат низ улиците на градот. Фотографијата исто така делува многу реално, но кога ќе размислите, тоа не е нешто што всушност би се случило во реалниот свет.

На друга вирална фотографија, рускиот претседател Владимир Путин седи во затвор зад решетки во слабо осветлена бетонска ќелија, но и во судница во затворски костум.

Заедничко за овие три фотографии е тоа што тие се плод на вештачката интелигенција, но покажуваат и колку е всушност лесно да се креираат и шират лажни информации со помош на софистицирани алатки и чет-ботови.

Милиони луѓе споделија фотографија од папата Франциско облечен во стилска јакна, мислејќи дека ова е нешто што всушност може да се случи. На овој начин се шират дезинформации, каква и да е намерата на авторот, а во овој случај многу е можно намерата да била да се критикуваат некои од највлијателните луѓе ширум светот. Како што е познато, критиките секогаш се повеќе од добредојдени, но не и ако се базираат на лажни информации.