Дали знаете што значи овој сообраќаен знак?

363

Во Франција многумина се збунети од уникатениот сообраќаен знак кој го нема никаде на друго место во Европа. Тоа е знак со бел дијамант на сина позадина, познат како „voie réservé“.

Овој сообраќаен знак може да се види во Лион, Гренобл и Стразбур, како и на париската обиколница и некои други пристапни патишта со повеќе ленти.

Неговата функција е да сигнализира дека е сообраќајна лента резервирана за возила за здружување автомобили, електрични возила, такси и автобуси. Воведен е во 2020 година и може да биде активен само во одредени периоди од денот, како што се периоди на сообраќаен метеж. Неговата главна цел е да ја намали гужвата.

За непочитување на овој знак, односно возење по резервираната лента се плаќа казна до 135 евра. Сообраќајните ленти се следат со специјални радари, додека казни ќе плаќаат возачите со помалку од двајца патници во возилото, пишува Sortir a Paris.