Дали е подобро да работите или да добивате надомест од државата во Германија?

131

Надоместокот за невработени граѓани – Бургергелд во Германија се зголемува на почетокот на годината. Критичарите велат дека тоа значи дека повеќе не се исплати да се работи, туку е подобро да се добива надомест од државата. Институтот WSI го спореди приходот на лице кое не работи и добива пари од државата со приходот на луѓето кои работат за минимална плата.

Од 1 јануари 2024 година, надоместокот за граѓански доход или Бургергелд ќе се зголеми за 12 проценти.

„Бидејќи социјалните бенефиции се високи, на лицата со минималнаили мала плата често не им се исплати да работат“, велат опозициските политичари.

Институтот за економски и социјални науки (WSI) на синдикатот Ханс Беклер пресметал дека сепак вреди да се работи во Германија, пишува магазинот Феникс.

Осум различни домаќинства во кои еден член работи со полно работно време со минимална плата беа споредени со заедниците на ранливи лица кои примаат граѓански приход и во кои никој не работи.

Во предвид е земена просечната кирија во целата држава со дополнителни трошоци.

„Откривме дека во сите овие домаќинства имате повеќе пари ако работите и дека разликата во приходите е многу јасна“, велат од WSI.

Оттука, Институтот не гледа никаков поттик во запирање на работата и добивање на граѓански приходи.

Како што е наведено во анализата, приходот на едночлено домаќинство кое прима граѓански приход изнесува 966 евра, додека приходот на едночлено домаќинство кое работи за минимална саатница изнесува 1.498 евра. Разликата е 532 евра.