Дали е ова првото торнадо во Македонија?!/ВИДЕО

11281

Климатските промени во светот се повеќе од очигледни, а тоа го коментира и метеорологот Славчо Попоски на својот профил на Фејсбук, во објавена снимка од она што изгледа како прва појава на торнадо во Македонија, поточно во село Живојно, Битолско.

Оваа појава, нетипична за нашето поднебје, Попоски ја припишува на „големата нестабилност во Атмосферата“ која довела до формирањето на овој ветер, а снимката во продолжение, не може да не ве остави без зборови.