Дали Големиот воен остров ја крие тајната за исчезнатиот Матеј Периш?

3005

Белградската полиција во потрага по Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, го пребарала и Големиот воен остров, бидејќи таму последен пат бил лоциран телефонот на исчезнатиот Сплитќанец.

Потрагата по исчезнатиот млад човек влегува во 28-ми ден, а полицијата засега не нашла конкретни траги кои би откриле што се случило со Периш кобната вечер. Во рамки на потрагата, како што пренесуваат српските медиуми, го пребарале копнениот дел на Големиот воен остров, паралелно со хотелот „Југославија“ до „Галијска бара“.

По податокот дека полицијата дури по дваесет и повеќе денови го пребарала островот, иако информациите дека базните станици го фатиле телефонот на Матеј и се познати на јавноста веќе две недели, започна лавина од нови коментари и прашања за тоа што се чекало досега. Мала е веројатноста дека Периш успеал да доплива од „Саванова“ до островот, а уште помалку да остане жив таму сите овие денови без да се јави никого или да побара помош од мал број на оние што престојуваат таму во дрвени куќички со поглед на Нов Белград, односно Земун.

Но, од фотографиите кои ги објави српското МВР, Матеј се барал и со помош на кучиња трагачи на копнениот дел на островот.

Има две „дупки“ на снимките вечерта кога исчезнал Матеј: Таткото на момчето откри што е најважно во истрагата!

Инаку, Големиот Воен Остров е живеалиште богато со флора и фауна, а во овој период од годината водата често станува модро сина поради високиот водостој. Токму таквите услови, но и густата вегетација и подземниот воден систем секако би ја отежнале потрагата по Периш.

Големиот воен остров се наоѓа на вливот на Сава во Дунав, во проширувањето на Дунав меѓу Белградската тврдина и на околу километар воздушна линија од местото каде што Периш последен пат беше фатен од безбедносна камера во близина на ресторанот „Саванова“. Ако се покаже дека младиот човек навистина паднал или влегол во реката Сава, можно е брзата вода да го однела телото на островот, изјави за Нова.рс, рибарот Ренато Грбиќ.

„Неблагодарно е да се претпоставува во овој момент, но ако влегол во водата, сигурно запливал кон средината и бидејќи таму водата е многу брза, можно е водата да го однела во тој правец, особено ако се знае дека телефонот е лоциран во близина. Но, не знаеме дали телефонот му бил во џеб или потонал, многу е неблагодарно да се зборува во овој момент, по дваесет и повеќе денови. Ниту едно тело на може да издржи повеќе од 10-15 минути, особено овие денови кога водата паднала на 2 степени“, вели за Нова.рс. познатиот белградски рибар Ренато Грбиќ и истакнува дека секако најмногу би сакал оваа приказна да има среќен крај.

Инаку, досега единствено што е сигурно и проверено е тоа што Периш кобната вечер со пријателите бил во клубот „Готик“ во Бетон салата, а потоа безбедносните камери го снимиле како трча по белградските улици. Откако се спуштил на платформата кај ресторанот Саванова му се губи секаква трага.

Продавачка во трафика кај Железничката станица во Белград го видела исчезнатиот Матеј Периш?