Г7 ги пофали напорите на Јужна Африка во справувањето со oмикрон сојот

30

Министрите за здравство на земјите-членки на Г7 денеска ги пофалија напорите на Јужна Африка да открие нов вид на коронавирусот-Омикрон, како и фактот што веднаш го предупредија целиот свет на опасноста.

– Министрите го пофалија исклучителниот ангажман на Јужна Африка во откривањето на видот и предупредувањето што ги упатија. Има силна поддршка за организирање меѓународен надзор на патогенот во рамките на Светската здравствена организација“, додаде Г7.

Министрите на Г7 рекоа дека препознаваат оти е од стратешко значење да се обезбеди пристап до вакцините во светот и дека ќе продолжат со донации.