Гуштер двометраш упаднал во маркет во Бангкок/ВИДЕО

625

Несекојдневна глетка е снимена во продавница во Бангкок. Огромен гуштер, за кој се чини дека припаѓа на видот „комодо“, влегол во маркетот и почнал да се качува по една од полиците.

Гуштерот, долг скоро 2 метри, „се прикрадел“ во продавницата од блискиот канал веројатно во потрага по храна.

Видео кое кружи по социјалните мрежи покажува гуштер како се качува по полиците, а продавачите и купувачите врескаат во паника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CBS News (@cbsnews)

Нарумпа Тангсин, кој ја снимил неверојатната сцена, вели дека не смеел да им приоѓа на влекачите затоа што можат да бидат опасни доколку се налутат.

“Застанав кратко за да купам нешто за јадење, кога видов огромен гуштер, сакав да земам пијалок, но влекачот стоеше премногу близу. Тие се опасни, особено ако се лути, па затоа останав поназад. Маркетите се чини дека имаат сè, дури и гуштери “, рече тој.

Персоналот и клиентите се криле зад касата, додека животното пустошело низ маркетот.

Продавачот повикал полиција, која пристигнала со експерти кои го уловиле влекачот.