Гутереш ја осуди меѓународната заедница за неуспехот да ги заштити цивилите од вооружени конфликти

198
Бројот на жртви и хуманитарни последици од тие конфликти  се повеќе од 50 отсто меѓу 2021 и 2022 година.
„Вистината е ужасна:светот не ги исполнува своите обврски да ги заштити цивилите, обрвски загарантирани со меѓународното хуманитарно право“, рече вчера Гутереш пред Советот за безбедност.
Состанокот на Советот за безбедност беше одржан на барање на овомесечниот претседавач, Швајцарија, за да се разговара за извештајот на генералниот секретар за „заштитата во вооружени конфликти“.

Според тој документ, „ОН во 2022 година забележале најмалку 16.988 смртни случаи на цивили во 12 вооружени конфликти, што е зголемување од 53 отсто во однос на 2021 година“.

„Само во Украина ОН имаат податок за 7.959 убиени цивили и 12.560 повредени, иако овие бројки се веројатно поголеми“, рече Гутереш.