Гурбиндо си заминува од Вардар, но доаѓаат браќата Нијокас!

162

Непосредно пред почетокот на новата сезона во ракометната Лигата на шампионите големи турбуленции се случуваат во два македонски тима, шампионот Вардар и тимот од „Автокоманда“ – Металург.

Имено, големот засилување Шпанецот Едуардо Гурбиндо одлучил да го напушти тимот. Според информацијата што ја објави порталот “Екипа“ , Гурбиндокој дојде како големо засилување во редовите на „црвено- црните’ веќе има договор со Динамо Букурешт, каде ќе се пресели на барање на шпанскиот стратег Чави Пасквал, со кого имаше успешна соработка во каталонскиот гигант Барселона.

Шпанецот кој пристигна од Нант, требаше да биде лидер во македонскиот шампион, но досега тоа не се случи и затоа челниците на “црвено – црните“ се подготвени да го пуштат да замине во романскиот шампион.

Шпанецот кој пристигна од Нант, требаше да биде лидер во македонскиот шампион, но досега тоа не се случи и затоа челниците на “црвено – црните“ се подготвени да го пуштат да замине во романскиот шампион, пишува порталот „Екипа“ Од друга страна истиот портал јавува дека во Вардар од Металург ќе се преселат бараќата Кевин и Оливие Нијокас

Од друга страна истиот портал ја лансираше информацијата дека во Вардар од Металург ќе се преселат бараќата Кевин и Оливие Нијокас. Но оваа информација се уште не е потврдена ниту од едниот, ниту од другиот клуб и се сведува на шпекулации на спортските портали.

Преговорите меѓу двата македонски клуба, најверојатно се уште траат и во најскоро време се очекува Французите да го облечат „црвено – црниот“ дрес.

Французите уште летоска потпишаа за Металург, тие пристигнаа пред почетокот на подготовките на тимот во Скопје, но беа позитивни на Ковид 19 и мораа да бидат во изолација. Згора на се Металург се откажа од настапот во Европската лига, а Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, првиот натпревар е против Елверум.

Доколку се случи овој трансфер, тоа ќе биде голем удар за Металург кој пред стартот на сезоната ќе остане без двајца врвни ракометари, кои заедно со искусниот Златко Хорват требаше да бидат носители на играта.