Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, имаше јасен одговор за Илкај Гундоган по неговите коментари по враќањето во Манчестер Сити.
Минатото лето, одличниот играч за врска реши да го напушти Манчестер Сити по седум години полни со трофеи под водство на Пеп Гвардиола.
По заминувањето од „Итихат“, тој одлучи својата кариера да ја продолжи во редовите на каталонскиот гигант Барселона.
Минатиот месец и официјално беше потврдено дека Гундоган се враќа во Манчестер Сити откако му беше кажано дека ќе има многу помала минутажа во споредба со изминатата сезона ако остане на „Ноу Камп“.
Откако повторно потпиша за Манчестер Сити, Гундоган имаше што да каже.
„Заминувам во тешка ситуација, но се надевам дека моето заминување финансиски ќе му помогне на клубот“.
Првиот човек на Барса, Жоан Лапорта, реши да ги демантира наводите на Гундоган дека си заминал поради некои финансиски причини.
„Илкај Гундоган е феноменален фудбалер, но и личност. Годината што ја имавме со него беше фантастична. По состанокот со Ханси Флик и разгледувањето на ситуацијата во тимот, тој одлучи дека сака да си замине. Тоа е спортска одлука.
Го доведовме Дани Олмо кој игра слично како Гундоган и тој не сакаше да седи на клупата“, јасен беше Лапорта.