Гугл: Без политички реклами до 21 јануари

12

Компанијата Алфабет Гугл ќе ги паузира сите политички реклами на својата платформа почнувајќи од 14 јануари, а по немирите од минатата недела во зградата на Конгресот.

Гугл планира да го одржи ова правило барем до 21 јануари, односно еден ден по инаугурацијата на новиот претседател на САД.

Фејсбук, исто така, ги стопираше политички реклами по претседателските избори на 3 ноември, а ги пушти на кратко непосредно пред изборите за Сенатот во државата Џорџија.

Извор:МИА