Грчкото пристаниште Пиреја 37-мо по големина во светот

363

Контејнерскиот терминал на најголемото грчко пристаниште Пиреја во близина на главниот град Атина e втор по големина во Медитеранот до крајот на 2018 година, објави Катимерини.

Непосредно пред Пиреја во рангирањето е Валенсија, но се очекува дека во 2019 година Пиреја ќе го престигне шпанското пристаниште.

Оваа година, процесираните контејнери во Пиреја се проценуваат на повеќе од 4,9 милиони, додека во Валенсија тие се 5,1 милиони. Зголемувањето на Пиреја оваа година се очекува да биде околу 15-20 проценти, во зависност од конечните податоци кои ќе станат познати во почетокот на 2019 година.

Позитивен е трендот и на патниот терминал на пристаништето, од каде во 2017 поминале 100 000 возила, а оваа година – околу 120 000. Зголемувањето се припишува на растот на продажбата на нови автомобили во Грција.

Пиреја е на 37-тото место на листата на стоте најголеми светски пристаништа, а за една деценија се искачи со седум места, а со резултатите од оваа година се очекува да отидат уште понатаму.