Грција ги сака САД за сојузници, а Турците ја избраа Русија

139

САД се најпожелна земја со која граѓаните од Грција и Република Кипар преферираат да бидат во сојузништво, додека за турските граѓани најпожелна земја која тие би ја избрале за сојузник е Русија.

Ова се резултатите на дел од најновото истражување на „Капа Рисрч“, грчка агенција за истражувања во областа на стратешки комуникации, маркетинг и оперативно планирање во Грција и Југоисточна Европа.

Кај нашиот јужен сосед и на Кипар, САД играат стратешка улога и најмногу од испитаните граѓани во двете земји би избрале сојузништво со Америка, се дознава од истражувањето спроведено во текот на минатиот месец.

Второто и третото место го делат Русија и Франција. По САД, граѓаните на Грција и Република Кипар би ги избрале овие две земји за сојузници, додека на четврто, петто и шесто место се Германија, Велика Британија и арапските земји.

Во Турција, пак, земјата што тамошните граѓани на прво место ја преферираат за сојузник е Русија, се дознава од исражувањето на „Капа Рисрч“.

На второ место за најпожелен соузник во Турција е Кина, на трето е Германија, додека САД се наоѓаат на четврто место. Велика Британија и Франција се на петто и шесто место како земји со кои Турците би влегла во сојуз, дознаваат од „Капа Рисрч“.