Грузиски Мчади

73

Во друштвото на рамни лебови со кои може да се пофали речиси секоја национална кујна се вбројува и ова ремек-дело на грузиската кујна –плоснат леб со единствен вкус – мчади. Всушност, мчадите е традиционална грузиска пченкарна проја која се користи во западна Грузија како леб. Може да се користи и како самостојно јадење. Се нарекува уште и чади.

Потребно е:

  • 3 шолји пченкарно брашно
  • 1 ½ шолји вода
  • ½ шолја рендан кашкавал
  • ½ варен грав
  • 1 супена лажица ситно сечкан млад кромид
  • 1 супена лажица магдонос, ситно сечкан
  • 1 супена лажица мајчина душица, ситно сечкана

Приготвување:

Од пченкарното брашно и водата се замесува меко и лепливо тесто. Се додава ренданиот кашкавал, гравот изгмечен како пире и зелените зачини.

Со влажни раце се замесува тесто, се прави топка, се префрла во плех, претходно намачкан со маснотија или тавче, и се сплескува.

 

Погачките можете да ги печете на ригла од шпорет, покриен со капак. Откако ќе се испече долната страна, погачката се префрла и се пече и од другата страна, без покривање.

Се сервираат топли. Може да се приготват и без додатоци, само со вода и пченкарно брашно.