Дома МАКЕДОНИЈА Груевски: Ова е полоша верзија од тоа што го отфрливме во 2009...

Груевски: Ова е полоша верзија од тоа што го отфрливме во 2009 година

11

Поранешниот премиер и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот „Фејсбук“ профил напиша дека тоа што било јавно отфрлено во 2009 година денеска било прифатено во далеку полоша верзија.

„Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“, напиша Груевски и сподели две телевизиски исечоци во кои тој зборува за спорот со името.

Првиот линк е од негово гостување во телевизиска емисија каде што вели дека ако на референдум биде поставено прашање Република Северна Македонија за севкупна меѓународна употреба, тој би гласал против.

На вториот линк е објавен дел од брифинг кој тој го држел за медиуми во 2008 година, пред самитот на НАТО во Букурешт.