Грст индиски ореви, ви гарантира насмевка на лицето во текот на целиот ден

112

Сто грама индиски ореви има 523 калории. Сепак, не мора да јадете толку многу, доволно е само една рака и ќе бидете одлично расположени цел ден.

Индиските ореви содржат многу важна аминокиселина триптофан, кој е одговорен за регулирање на расположението и подобрување на квалитетот на спиењето.

Ако редовно консумирате индиски ореви, ќе се чувствувате ослободени од стрес, без вознемиреност и депресија. Два грста ореви содржат иста количина на оваа аминокиселина како и повеќето антидепресиви, само без несакани ефекти што ги придружуваат.

Покрај горенаведеното, индиските ореви имаат корисен ефект и врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, мускулите и коските. Исто така, индиските ореви се сметаат за успешен афродизијак.