Грозоморно убиство во Њујорк: Милионер пронајден распарчан во неговиот стан

120

Директорот на њујоршката технолошка компанија „Гокада”, Фахим Салех (33) е пронајден распарчан во неговиот луксузен стан во Њујорк, соопшти њујоршката полиција.

Салех последен пат бил виден жив на снимката од видео надзорот во зградата во која живеел, влегувајќи во лифт што води директно до станот со маж облечен во црно.

Извор од полицијата за Си-Ен-Ен тврди дека човекот го нападнал веднаш откако влегол во станот на Салех.

Кога сестрата на настраданиот дошла да провери зошто не се јавува, таа го открила торзото на нејзиниот брат во дневната соба, а другите делови од телото биле ставени во кеси во други делови на станот.

Полицијата сè уште не го утврди мотивот за ова злосторство и се обидува да открие како убиецот ја напуштил зградата.