Францускиот возач Ромен Грожан доживеа страотна несреќа кон крајот на минатата сезона на трката за Големата награда на Бахреин. Тој по стартот удри во заштитната ограда крај патеката со својот Хас, по што болидот експлодираше и се преполови.

Само благодарение на фактот што остана свесен и дека лицата крај патеката реагираа навремено, тој успеа да си го спаси животот.

Французинот имаше сериозни изгореници на рацете, поради што беше во завои до пред неколку дена. Но, конечно успеа да ги симне завоите и покажа како изгледаат неговите раце по оваа страшна несреќа.