Грешка му го спасила животот: Џафер Долек не се качил во кобниот автобус, погрешно го чекирал багажот

3589

Еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса Транс“, е Џафер Долек, кој ја избегнал стравичната несреќа поради тоа што погрешно го чекирал својот багаж, пренесува ТВ Сител.

Имено, Долек требал да се качи на автобусот што изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако го ставил својот багаж во другиот автобус му било кажано да остане во истиот, бидејќи имало место.

Ова за ТВ Сител го раскажа таткото на среќниот патник, кој вели дека „само Господ го чувал синот“.