Грета Тунберг и Арнолд Шварценегер заедно возат велосипед/фото

61

Активистката за зачувување на животната околина Грета Тунберг и холивудскиот актер Арнолд Шварценегер заедно возеле велосипед. Актерот на Инстаграм објави фотографија од заедничката дружба и рекреација со младата Тунберг.

Заедно со 16-годишната Швеѓанка возеле велосипеди во американскиот град Санта Моника, а со нив биле и ќерката на актерот, Кристина, како и таткото на Грета Сванте.

“Фантастично е што се видовме со мојата пријателка и мојот херој Грета Тунберг минатата седмица. Возевме велосипеди и ја запознав со мојата ќерка Кристина, Продололжи да инспирираш Грета“, напиша актерот Шварценегер на Инстаграм. 

Претходно Грета запозна уште еден холивуски актер и активист за зачувување на околината Леонардо Ди Каприо во Лос Анџелес. Тој ја нарече Тунберг „лидерка на нашето време“.