Гренел во посета на Приштина и на Белград

61

Ричард Гренел, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за разговорите Белград – Приштина, денеска доаѓа во Косово.

Тој во Приштина ќе разговара со Хашим Тачи јави „Глас на Америка”, повикувајќи се на кабинетот на косовскиот претседател.

Во меѓувреме, беше објавено дека и лидерот на Самоопределување Албин Курти ќе се сретне со Гренел.

Во четврток Гренел доаѓа во Белград за да разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.