Граѓанска поддршка од битолчани за полицијата

42

Битолчани со мирен граѓански собир кој се одржа пред СВР-Битола изразија и искажаа јавна поддршка за припадниците на полицијата, но и јавен протест против зачестените напади, омаловажувања и деградирање на полициските службеници во вршење на службените обврски.

Учесниците на собирот кои одржаа протестен марш по Широк Сокак, порачаа дека ја поддржуваат македонската полиција и ги осудуваат сите недолични коментари посочени на социјалните мрежи.

– Во редовите на полицијата стојат вистински професионалци кои го штитат интересот на граѓаните. Не постојат граѓани од прв или втор ред, и никој не смее да биде над законот. Од се што видовме, разбравме дека нема ни најмал сомнеж за дискриминација, нити пречекорување на овластувањата. Апелираме, министерот Оливер Спасовски да ги разгледа нашите барања кои се во насока на поголема заштита на оние кои не штитат нас, порачаа битолчани на граѓанскиот собир за поддршка на полицијата.

На учесниците на собирот се приклучија и претставници на Независен синдикат на полицијата кои јавно побараа суспендираните полициски службеници кои минатата недела беа евидентирани во немил настан со неколку граѓани Роми, да се вратат на работа се додека не заврши истрагата и има институционални докази за тој случај.