Граѓаните со свои иницијативи за изработка и донесување на ДУП-ови

65

Општина Центар вчера распиша јавен повик за доставување иницијативи од заинтересирани физички и правни лица за изработување и донесување на урбанистички планови.

Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат. 

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.

Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.      

Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар – Скопје, www.centar.gov.mk, на огласна табла во Oпштината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Центар – Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“.

Јавниот повик ќе трае  до 20.3.2020 година.