
Ако им се верува на британските медиуми, тогаш актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џуд Белингам. Истите медиуми тврдат дека челниците на Сити се подготвени да го прифатат побараното обештетување од 150 мил. евра.