Град Скопје ќе добие опрема за оџачари

27

Градот Нирнберг ќе му даде опрема за оџачари на Град Скопје.

Станува збор за донација од седум комплети во рамките на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“ во вкупна вредност од 31.853 евра со вклучен ДДВ.

Еден комплет се состои од: чистач за дрво, импрегнирано јаже од коноп од 20 метри, рачен алат, апарат за мерење на материјал, воздух и температура, уред за мерење на инфрацрвена температура – ScanTemp 485, пенкало за чад, вклучувајќи шест влошки за чад,  алуминиумска кофа за саѓи, лопати и ашови со работен дел од основен метал,  телескоп со кристално огледало, работни ракавици пакет од 12 пара, чевли со големина на број од 43 до 45, правосмукалка, вклучувајќи сува правосмукалка и влажна правосмукалка, со вграден електричен мотор, линијари, мерни ленти и линијари со мерни мерки, џебно работно светло на батерија, како и алуминиумска телескопска скала со пречки.

(А.П.)