Градот ќе набави 12 електрични машини за вакуумско собирање на смет

120

Градот Скопје распиша оглас за набавка на електрични машини за вакуумско собирање смет. Станува збор за 12 специјални електрични возила кои како што објаснија градските власти ќе бидат наменети за потребите на јавното претпријатие “Комунална хигиена“.

– Со нивната набавка ќе се подобрат капацитетите на претпријатието, изјавија од Градот.

Своите понуди по распишаниот оглас, заинтересираните треба да ги достават најдоцна до 13.06.2019 година во 12 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање, по што ќе се знае колку ќе чинат машините.