Градот Атина утре ќе претстави „Добри градски практики“

101

Во Скопје Урбан Ливинг Лаб, утре ќе се одржи првата презентација од сесијата „Добри градски практики“ на гостите од градот Атина, кои ќе ги изложат резултатите и успехот на иновативната социјална платформа – СинАтина (synAthina).

Настанот е во организација на „Лабораторијата за урбано живеење – Скопје“ (SkULL), Град Скопје и Архитектонскиот факултет, и е дел од ROCK проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020.