Градоначалниците наместо за локални, ќе ни сервираат решенија за државни проблеми

Уште непочната кампањата се најавуваат меѓусебни кривични пријави на противкандидатите во општините, а личните дискредитации се наше секојдневие. Сè оди дотаму што наводни партиски активисти во кампања ги злоупотребуваат и членовите на семејствата на кандидатот од противничката партија.Ако по утрото денот се познава, очигледно дека и во наредниве дваесетина дена ќе се изнаслушаме сè и сешто. Потпишувањето на Кодексот за фер избори не прави чуда, но сметам дека не е лоша пракса, колку-толку ќе се внимава на реториката. Заглавените евроинтеграции, спорот со Бугарија, ковид-кризата сигурно дека ќе бидат во фокусот и пред овие избори и локалните проблеми тешко дека ќе стигнат на дневен ред. Во Полошкиот регион сигурно тема ќе биде и трагедијата со пожарот во модуларната болница. Како и да е, политичките противници на локално ниво, нема да дојдат до збор од проблемите што се од државен интерес, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу

27

Со теми од државен интерес ќе се засенуваат локалните проблеми и кандидатите за градоначалници и советници нема да може да дојдат до израз, очекуваат експертите на неколку дена официјалниот старт на предизборната кампања за локалните избори.

– Очекувам фер кампања, мислам дека по толку години и политичките партии се свесни дека граѓаните не сакаат негативна кампања. Мислам дека на овие избори ќе се намали и со националистичката реторика. Потпишувањето на Кодексот за фер избори не прави чуда, но сметам дека не е лоша пракса, колку-толку ќе се внимава на реториката. Заглавените евроинтеграции, спорот со Бугарија, ковид-кризата сигурно дека ќе бидат во фокусот и пред овие избори и локалните проблеми тешко дека ќе стигнат на дневен ред. Во Полошкиот регион сигурно тема ќе биде и трагедијата со пожарот во модуларната болница. Како и да е, политичките противници на локално ниво, нема да дојдат до збор од проблемите што се од државен интерес, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Но ако по утрото денот се познава, очигледно дека и во наредниве дваесетина дена ќе се изнаслушаме сè и сешто. Уште непочната кампањата, се најавуваат меѓусебни кривични пријави на противкандидатите во општините, а личните дискредитации се наше секојдневие. Се оди дотаму што наводни партиски активисти во кампања ги злоупотребуваат и членовите на семејствата на кандидатот од противничката партија. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески, деновиве на „Фејсбук“ доби закана од наводен поддржувач на СДСМ или да ја повлече кандидатурата или следува трагедија или убиство на неговиот син.

Партиите деновиве ги завршуваат и последните подготовки за од понеделник да започнат со изборната кампања која ќе трае до 15 октомври. Во наредниве три недели тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.

Во исто време, Државната изборна комисија вечерва до полноќ треба да ја  објави единствената листа со кандидати. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. За првпат на овие избори има голем дел независни кандидати.

Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, уверува дека личните податоци на граѓаните се безбедни, бидејќи се криптирани и можат да се прочитаат само со отпечаток на прст и лични документи.

Даштевски на ТВ24 објави рече дека серверот за системот за биометриска идентификација на гласачите е веќе инсталиран и криптиран за заштита на податоците.

– Само серверот е преку милион евра, можеби два, не знам. Меѓутоа тука е и криптологијата, криптирањето на податоците. Тие се криптирани и тоа е многу скап процес. И веќе дадени ни се од МВР нивните криптирани податоци, од нивната фирма. Ставени се кај нас во нашиот сервер, кој веќе е поставен и криптиран. Нив нема да може да ги види ниту претседателот, ниту потпретседателот на ДИК. Ќе може само со личната карта или отпечатокот од прст, рече Даштевски.

Даштевски објасни дека од добитникот на тендерот „Дермалог“ се ангажирани и двајца нови подизведувачи околу безбедноста на софтверот.

Роковникот на ДИК, треба да биде заклучен утре на 24 септември, а една недела подоцна, на 1 октомври ќе биде потпишан. На локалните избори во октомври за првпат ќе се гласа со терминали за отпечаток од прст, а јавната набавка на системот ја чинеше ДИК околу 11 милиони евра.

(Ј.Ц.Г.)