Градоначалникот Марин и администрацијата даруваа крв

24

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вработените, како и голем број граѓани се приклучија кон крводарителската акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода.

– Акцијата беше спроведена под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ што веќе неколку години се организира во просториите на Општина Аеродром. Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните – изјави  Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.