Градинка за 80 деца се гради во општина Брвеница

31

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со градоначалникот на општина Брвеница направија увид во изградбата на нова градинка во селото Брвеница. Се очекува објектот да биде завршен наредната година, а ќе има капацитет да згрижи околу 80 деца.

-Како Влада главна заложба е опфатот на децата во предучилишното образование затоа што инвестиција во децата и овој тип на образование дава најмногу ефекти. Затоа што тоа е тој човечки капитал кој оваа држава го има, а тоа се децата, рече Царовска.

Градоначалникот Пајазити истакна дека е голема потребата за градинка и со овој објект се решава голем проблем во Брвеница.

Задоволни што сме што е во програмата на Министерствто оваа градинка бидејќи досега се малтертираа мајките носејќи ги децата во град, а се соочуваа со немање места и слично. Само во Брвеница само во една конфекција има 350 жени и мајки вработени, а дополнително во други фирми. Со ова ќе се реши горчливиот проблем. Модерна градинка ќе имаме мора да се пофалам, рече Енвер Пајазити.

Министерството за изградба и опремување на градинката во Брвеница издвои средства во износ од околу 26,6 милиони денари.