Градилиштето на зградата на поранешно „Беко“ затворено

394

Општината Центар донела решение за затворање на градилиштето на зградата на поранешно Беко и околу него постави ленти и знак „затворено од градежна инспекција“.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ потенцираше дека Општината пред три недели му издала на инвеститорот решение за престанок на градба, но и покрај тоа на градилиштето имало работници. Тој објасни дека со решението е забранет влез во објектот и се закани дека не се почитува решението , против инвеститорот и изведувачот ќе бидат поднесени  кривични пријави.

Зградата на поранешно „Беко“ иако нема дозвола од Општината досега се градеше. Откако беше урнат стариот објект бидејќи според инвеститорот била нарушена статиката, почна да се копа јама и да се ставаат носечки столбови во неа.

Пред еден месец објектот доби и втора плоча, по што конечно Општината донесе решение за затворање на градилиштето.

Модната куќа „Беко“ е изградена 1972 година. Во 1998 ја преземаа Тајванците, а потоа беше продадена на локален бизнисмен.

Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел.