Филипинскиот боксер Мани Пакиао ја задржа светската ВБА титула во велтер категорија, откако со едногласна одлука на судиите, на поени го победи предизвикувачот, Адриен Бронер.
За Филипинецот ова беше 70-та борба во кариерата, прва откако наполни 40 години, а воедно стигна до 61-та победа од кои 39 со нокаут.
- Господ ми подарил здравје и затоа можам да се борам и со 40 години. Можев да бидам и поагресивен, но ме советуваа да чекам на контра, истакна по мечот Пакиао, кој не можеше да издржи, а да не го прозива Мејведер.
- Кажете му да се врати во ринг и да се бориме. Подготвен сум и сакам повторно да се борам против него, ако тој е подготвен да се врати на боксот, рече Пакиао, кој загуби од Мејведер во 2015 година.