Албанската манекенка Ерјона Сулејмани пред шест години беше избрана за најсекси мајка и навивачка на Европското првенство во Франција. Таа е модел, инфлуенсерка и поранешна сопруга на фудбалерот роден во Тетово, Блерим Џемаили, кој во минатото има настапувано за Болтон, Торино, Парма, Наполи, Галатасарај, Болоња и за швајцарската репрезентација каде што Ерјона е добредојден гостин.

Ерјона стекна популарност кога беше снимена на трибините на француските стадиони во 2016 година за време на натпреварите на Европското првенство и набрзо го доби епитетот „најсекси мајка на Еуро“ каде што навиваше за Швајцарија со својот син.

Овој пат таа се фотографираше во краток фустан со длабокото деколте и ги покажа бујните гради, на општо задоволство кај машката популација. Изгледаше сензуално и елегантно, но како да покажа премногу со новата фотографија.

Пред две години, Ерјона даде една интересна изјава дека фудбалерите не се добри љубовници и дека меѓу нив има многу хомосексуалци.

  • Фудбалерите не се добри љубовници. Тие претпочитаат да мастурбираат, изјави Ерјона за еден француски медиум.