Го нервирав Гвардиола за Меси да го направам подобар фудбалер

27

Поразот на Аргентина од Бразил (0:2) на „Минера“ во полуфиналето на Копа Америка се уште предизвикува полемики кај пошироката јавност, а особено гневен за таквиот расплет на настаните беше првата ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси, кој испрати остри критики за целата организација.

Но, еден од оние кои го искористија моментот да возвратат на провокациите е поранешниот соиграч на Меси од редовите на Барселона, Дани Алвеш.

Новиот шампион во Јужна Америка и ветеран кој по победата над Перу (3:1) во финалето на „Маракана“ дојде до 40. трофеј во кариерата, во интервју за бразилскиот „Глобо Еспорте“ истакна дека свесно ги прекршувал задачите дадени од тренерот Пеп Гвардиола, се со цел, меѓу останатото, да го направи Меси подобар играч.

  • Пеп мразеше кога бековите додаваат по линија на крилните играчи, бидејќи таквите акции не носеа премногу корист, но јас продолжував упорно да го пронаоѓам Меси, поради што Гвардиола се нервираше. Му велев да го вклучи Меси во средината од теренот за да му подаваме на Лео почесто, зборуваше Алвеш за периодот од 2008 до 2012 кога Барселона освои две титули во Лигата на шампиони и три во Ла Лига со незаборавна „триплета“ во 2009 година.