Го вративме Роналдо и направивме грешка

173
epa10291459 Manchester United's Cristiano Ronaldo reacts after the English Premier League soccer match between Aston Villa FC and Manchster United FC at Villa Park in Birmingham, Britain, 06 November 2022. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Поранешниот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер во интервју за „Атлетик“ зборуваше на повеќе теми, вклучувајќи ги и трансферите кои се случија за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“. Норвешкиот стручњак призна дека не требало да го врати португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо, но тогаш одлуката изгледала добра и логична.

  • Враќањето на Роналдо беше опција која беше многу тешко да се одбие. Чувствував дека треба да ја искористиме шансата, но се покажа дека е грешка. Се чувствував многу убаво кога навивачите скандираа за него кој откако потпиша постигна два гола на дуелот против Њукасл. „Олд Трафорд се тресеше. Роналдо беше еден од најдобрите играчи во светот во тоа време, изгледаше одлично. Но, тогаш работите тргнаа наопаку, изјави Солскер.

Во породолжението од интервјуто, поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ откри кои играчи ги побарал но клубот ја немал потребната финансиска моќ за да ги реализира трансферите.

Веднаш реков да го купиме Халанд, пред тој да заигра за Салцбург и Деклан Рајс, кој немаше да не чини толку многу. Клубот немаше доволно пари по кризата предизвикана од коронавирусот, додава Солскер.